Од први декември стапува во сила забраната за користење на пластичните кеси, односно ќе биде дозволена продажба на само биоразградливи кеси и тоа по цена од 15 денари. Средствата што ќе бидат собрани ќе ги користи специјален фонд за животната средина.
Од први декември се забранува и пластиката за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитените зони, меѓу кои се Пелистер, Маврово и Шар Планина.
Одлуките се дел од новите четири закони за управување со отпад, чија цел е, како што појаснија од Владата, да се реши деценискиот проблем со отпадот. Со овие закони се заокружува легислативната неопходна за европеизирање на управувањето со отпад. Обезбедени се сите предуслови за еден модерен, функционален систем за управување со отпадот што конечно ќе биде соодветно имплементиран во земјата.
Во подготовката биле вклучени меѓународни и локални експерти, потоа општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации и граѓаните. Целта е да се создаде систем што ќе ги опфати потребите на сите, но и високите стандарди за заштита на животната средина.
Со законската основа обезбедено е целосно спроведување на Националниот план за управување со отпад за период од 2021 со 2031 година. Овој план, надоврзан на квалитетната законска рамка го дефинира управувањето со отпад и користењето на расположливите ресурси.
Создададени се со намера да се постигне еколошка безбедност, преработка, отстранување на отпадот со економски придобивки, а на начин што е најдобро приспособен на состојбите во земјата./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.