Кога пред модната ревија на Alta Moda, на Dolce & Gabbana, во Венеција, беше објавено дека дизајнерите планираат да понудат девет модели од Collezione Genesi како NFT , модниот свет беше заинтригиран. Прашањата од типот дали некој би потрошил пари на нешто толку нематеријално и дали со ваков чекор брендот прави стратешка грешка го следеа периодот пред аукцијата организирана од UNXD дигиталната платформа. Одговорот стигна по затворањето на аукцијата и објавата за постигнат голем успех со првата Collezione Genesi NFT.
Највисока цена од NFT Collezione Genesi е постигната со т.н. Стаклен костум , дизајниран од Domenico Dolce и Stefano Gabbana, кој е продаден за малку повеќе од еден милион долари на аукцијата – што е 351.384 ЕТХ. Освен нивниот NFT, новиот сопственик за таа цена ќе добие и физички костум. Тоа е највредниот костум што Dolce & Gabbana некогаш го продале. Две верзии на Стаклениот костум од сон – златна и сребрена – исто така се купени од успешни понудувачи, кои ќе добијат и нарачана, физичка верзија на облеките. Двете поскапеа наповеќе од 500.000 долари.
Прекрасната Тиара, која е само дигитална е продадена за нешто повеќе од 300,000 долари.
Collezione Genesi NFT, креирана во соработка со UNXD дигиталната платформа , претставува прва колекција од ваков вид, создадена од врвна модна куќа и која забележала голем успех на овој пазар. Едновремено, ставува и евидентно и замаглувањето на границата помеѓу физичкото и виртуелното./M.M.