Saint Laurent

Saint Laurent, симболот на високата мода, својата најнова колекција ја претстави на место сосема соодветно за нивна модна ревија – крај Ајфеловата кула. Anthony Vaccarello понуди моќната и бескомпромисна пролетна колекција во која, на централното место е неспоредливата Paloma Picasso. Ренесансната жена, која во своите најславни денови беше среќна во експозитурен ноќен клуб и во уметничко студио, беше таа која го исфрли Saint Laurent од летаргичниот и морбиден свет на високата мода, насочувајќи го кон нови предизвици. Таа улога беше малку изгубена во историјата до вечерва, кога Vaccarello го прослави ова наследство во смел и прекрасен стил.

Вакарело ја повторува славната заводливост и сензуалност на Saint Laurent,  за генерација која размислува одново за нејзината физикалност, сексуалноста, полот… Прославата на некој како Picasso преставува за Vaccarello начин на нагласување на исклучителноста на жените на нивната надмоќ над сопственото тело, особено во време на предизвици. Не е секогаш лесна линијата по која треба да се оди и тоа е пораката што останува  долго откако ќе се исклучат светлата на пистата./M.M.

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.