Креативниот директор на Valentino, Pierpaolo Piccioli и Lady Gaga веќе направија снимки со новиот знак на Valentino – “Vaccinated”, поставен на црн дукс.
За да ги поддржи апелите за вакцинација, креативниот директор на Valentino, Pierpaolo Piccioli, во соработка со УНИЦЕФ направи принт објава „вакцинирано„ покрај логото на брендот и го постави на црн дукс. Со тоа, не само што се нагласува про-вокс статусот на модната куќа, туку и се привлекува вниманието на глобалните иницијативи за вакцинација на УНИЦЕФ.
Истакната е и поддршката за обезбедување на вакцини и на простори кои немаат пристап во нив, што е исто така иницијатива и заложба на УНИЦЕФ.
Пред-продажбата на дуксот на Valentino “Vaccinated” започнува на 23 септември на valentino.com. Со приходите од продажбата на овие дуксери ќе се поддржат УНИЦЕФ и COVAX, глобална здравствена иницијатива која настојува да донесе повеќе од две милијарди вакцини против Ковид-19 на граѓаните ширум светот и ефикасно да ја спречи пандемијата./M.M.