Пионерската куќа за дигитална мода Auroboros на London Design Festival се претстави со растечка кристална наметка, носена од интерактивниот андроид AiDa, за да ја претстават својата метаморфотска облека во физичка форма.

Претставени како дел од 19-тиот Лондонски фестивал за дизајн, кој во моментов се одржува низ британската престолнина, Auroboros развија повеќеслоен проект низ физичкиот простор на музејот Victoria & Albert  и во метаверзата.

Auroboros  е „tech fashion„ модна куќа која создава сајбер мода. Користејќи AR (аугментирана стварност) технологија и 3D скенирање, брендот со седиште во Лондон, отвора нова модна патека – овој пат за дигиталната мода. Според нив, лани модата влегла во состојба на флукс. Со коронавирусот што ја премести индустријата понатаму во дигиталното подрачје од кога било досега, брендовите во моментов се рекалибрираат за новото време во кое живееме: кај некои тоа е полесно од другите. Чекор напред е  Auroboros.  Модната куќа со седиште во Лондон, која ги спојува науката-комуникациите и технологијата е основана лани, од креативните директори Paula Sello и Alissa Aulbekova, а името го носи според древниот симбол на кој се гледа змија што ја јаде својата опашка (преставник на вечна промена). /М.М. https://www.auroboros.co.uk/shop

 

You may also like

Comments are closed.