Imaan Hammam и Parker van Noord се лицата со кои Jean Paul Gaultier го претставува Scandal –парфемот за неа и него. Имплицитно, во истата видео приказна на Scandal заводливиот пар е поставен во ринг, да се бори со сетилата.
Imaan Hammam е новото лице на кампањата на Scandal на Jean Paul Gaultier. Позира во боксерски ринг и освен длабоко деколте, ги истакнува и нозете, што инаку се еден од визуелните симболи на парфемот, што го објаснуваат неговото име.
Опишан како гурмански чипре, Scandal содржи гарденија, мед и пачули, пркосно завземајќи го своето место меѓу иконските мириси на брендот./М.М.