Големо финале на New York Fashion Week годинава беше во знакот на Met Gala, хуманитарен настан во кој модата е уметност, а уметноста наоѓа своја експресија и во модата.

Темата на Met Gala годинава беше „Во Америка: Лексикон на модата“.

Освен голем хуманитарен настан и средство за создавање впечатоци на социјалните медиуми, Met Gala  и годинава беше голема приказна на уметноста и модата, покажувајќи како двете форми го сочинуваат и дефинираат нашето културно ткиво.

Секоја тема е избрана со најголемо внимание. Во 2018 година, со темата „Небесни тела: модата и католичката имагинација“ беа прикажани стотици изгледи за во Ватикан. Неколку години претходно, со темата„Кина: поглед преку стакло“ го претстави  влијанието на Кина врз дизајнот на Западот и на Истокот.

Темата на Met Gala датира од 1995 година, кога Anna Wintour стана претседател на настанот.

Andrew Bolton,  кустос во Wendy Yu  Институтот за костими, за Вог изјави дека годинашниот настан го фокусира прашањето „кој ќе стане Американец?“ и која првично беше позирана на црвена, бела и сина, со свилен појас од десетгодишнината на колекција на Prabal Gurung. „Американските дизајнери се во првите редови во разговорите околу различноста, инклузивноста, одржливоста, флуидноста на половите и позитивноста на телото“, рече тој. „Рамката на шоуто ни овозможува да се фокусираме на помладите дизајнери кои размислуваат и длабоко се занимаваат со тие идеи“.

Во галеријата се интерпретациите на темата и изгледите кои привлекоа внимание на настанот./М.М.

You may also like

Comments are closed.