Parfums Christian Dior создаде миризлив шок со Sauvage, новиот машки мирис – смел, свеж и со радикално зголемени носечки ноти. За да го претстави мирисот, Dior го одбра Johnny Depp, за кого вели дека е икона на современата мажественост. Во спотот посветен на Sauvage, бескрајниот урбан пејзаж се менува во вознемирувачката смиреност на пустината, во националниот парк Joshua Tree, единствен низ кој поминува пат. Johnny Depp се појавува крај винтиџ кола, започнувајќи ја приказната на Sauvage.
Dior Sauvage Elixir ја проширува свежината на Sauvage, збогатувајќи го срцето на парфемот со цимет и мушкатово оревче, урамнотежен со кардамом, додека во горните ноти е грејп./М.М.