Актерската екипа на „The Devil wears Prada“, составена од Meryl Streep, Anne Hathaway, Stanley Tucci и Emily Blunt, ќе се собере на заеднички повик на Zoom, и еден среќен обожавател може да им се придружи, доколку понуди највисока сума пари на тековната аукција.

Овој повик за Zoom е создаден со идеја финансиски да се помогне на театарот „Lollipop“ во Њујорк, непрофитна организација која носи забава за децата во болниците низ Америка. Повикот ќе трае околу десетина минути, што се смета дека е доволно да се постават сите горливи прашања, или, да се побарате совет за стил. Се проценува дека сумата на собраните пари ќе изнесува околу 50.000 долари.

Петнаесет години по создавањето на филмот интересот не се намалува, а бројот на фановите на интернет постојано расте, особено на оние кои ги интересира модата и модните магазини.

По повод хуманитарниот настан извршната директорка на “Lollipop”, Evelyn Iocolano, изјави дека е возбудена што двете децении од постоењето на театарот го слават со легендите од „The Devil Wears Prada„. Таа посочи и дека веста предизвикала голема интеракција, а и дека финансиската поддршка ќе им го разубави животот на многумина./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.