Air France годинава прославува значаен јубилеј:  90 години технологија, иновации и удобност на небото; 90 години патувања, гастрономија, дизајн, висока мода, уметност и архитектура. Од своето основање, на седми октомври 1933 година, авиокомпанијата ја промовира француската извонредност, која според француските зборови “je ne sais quoi” светот го препознава  како Frenchness благодарение на исклучителните искуства од патувањата који  елеганцијата ја издигнуваат на нови височини.

Во рамките на пригодната кампања, Air France претстави и модна колекција од пет фустани, дизајнирани од Xavier Ronze, француски дизајнер одговорен за изработка на костимите на Paris Opera Ballet. Секој фустан ги интерпретира различните предности на авиокомпанијата: авиони и технологија; униформи и мода; симболични постери кои ја промовираат мрежата на летови; гастрономија и трпезариски прибор; и дизајн и архитектура.

Фустаните се изработени со елементи од наследството на компанијата, надополнети со современи парчиња. Ги поврзуваат историјата и модерноста, силната интерпретација која го отелотворува најдоброто од Air France и најдоброто од Франција на неколку извонредни полиња. 

 

Со цел да се промовира колекцијата и да го прослави роденденот, Air France создаде медиумска кампања во соработка со агенциите AURA by Omnicom, TBWA\Paris, Auditoire, \Else и Mogul.

Освен медиумската кампања, Air France организира и модни ревии во соработка со ланецот на стоковни куќи Galeries Lafayette.

Снимен е и пригоден филм за сето што ја сочинувало историјата на Air France и ги истакнувало симболичните елементи на брендот кој има уникатен пристап кон воздушниот сообраќај, од основањето до денес./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.