Седмото издание  на Гастромак, едукацијата за идните готвачи, хотелиери и слаткари, насловена како Гастромак и пријателите“, синоќа е одржана во ресторанот Love by Allikas.

Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, истакнувајќи дека присуството на готвачката елита значи и унапредување на нашата гастрономска сцена.

Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавања и мастер класови на етаблирани готвачки имиња од екс -ју просторите: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, како и Уве Мишел, потпретседател на Wacs, светската организација на готвачи.  Едукацијата ќе биде реализирана во средните угостителски училишта Коле Нехтенин“ во Штип и во Димитар Влахов“ во Струмица.

Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- Коле Нехтенин“ кадешто најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни, ќе посочат колку е тешко, но едновремено и прекрасно да се носи белата готвачка униформа. Во Димитар Влахов“во Струмица учениците ќе имаат можност да дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, потоа се за медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционална кујна./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.