Луксузниот бренд „Louis Vuitton“ го направи и својот прв чекор во доменот на угостителство, со првиот ресторан и кафуле, сместен во нивната нова елитна продавница во Осака. Масивната продавница е дизајнирана во соработка со архитектите Jun Aoki и Peter Marino. Станува збор за ресторанот ,,Sugalabo V„ и кафулето ,,Le Cafe V”, сместени над малопродажниот простор, со отворена тераса и коктел бар.

Врата во „speakeasy-style“-своевидна таинствена врата

,,Sugalabo V” е со пријатна атмосфера што овозможува приватност. Достапен преку скриена врата „speakeasy-style“, ресторанот се состои од неколку чоколадо кафеави трпезарии, каде што само на мали групи луѓе им е дозволено да јадат. Малкумината среќници можат да решат дали ќе седат на свечените маси, или околу високиот шанк кон отворената кујна, гледајќи ги готвачите како работат.

Кожените седишта се во тон со скапоцените камења распослани низ целиот простор, додека подот е обложен со монохроматски плочки во облик на ромб. Месинг цевки, во боја на злато се забележуваат на sидовите на ресторанот.

На последниот кат во продавницата во Осакa се наоѓа и ,,Le Cafe V”. Комплетирано во многу посветла палета на бои и материјали, кафулето е со кремаст терацо под, огромни жолти софи и иридесцентни дискови што висат од таванот. Нарачките за пијалоци се земаат од огромен шанк кој е изработен од месинг.

Тука посетителите можат одблизу да ја разгледаат зградата на самата продавницата, која јапонскиот архитект Jun Aoki ја создаде за да наликува на едра од бродови.

Ентериерот е дизајн на американскиот архитект Peter Marino со цел да предизвика „среќа без чувство на заплашување“. Просторот го надополнуваат уметнички дела од фигури, меѓу кои и на Tracey Emin и James Turrell. /А.Ј.

You may also like

Comments are closed.