Производителот на спортска опрема Wilson лансираше прототип на 3Д безвоздушна топка за кошарка за која, за разлика од традиционалните топки, не се надувува.

Направена од еластомерен полимер развиен од на Wilson, топката има проѕирна, решеткаста структура  која дозволува воздухот да минува низ неа. Иако е испечатена како едно цврсто парче, дизајнот содржи „шевови“ и осум панели кои го упатуваат на традиционалните кошаркарски топки.

Според Nadine Lippa, водечкиот инженер на проектот на Wilson Вилсон, компанијата имала за цел да развие топка која има исти перформанси како типичните кошаркарски топки по големина, тежина и отскокнување но, немора да се надувува. Поттикот бил создавање на безвоздушна топка која не бара употреба на воздушна пумпа или игла.

За да го направи прототипот на топката, Wilsonсоработуваше со EOS, а првото претставување беше на годинешниот НБА Ол-стар викенд, каде што и публиката беше поканета да ја испроба топката./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.