Отворањето на годинешното, 25-то издание на Моден Викенд Скопје, под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ е на 25. Јуни, во 17 часот, во Градски Парк Скопје.

Четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје, во Градскиот парк, симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд.
25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и порака преку модата.
Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата, за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во светските метрополи, како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција.

Езерцето во парк било и ќе остане „љубовно гнездо“ за многу љубови во Скопје, па затоа, ние ве покануваме токму таму да бидете дел од најновото издание, за со сигурност и со ветување ви кажеме дека ќе се заљубите барем во еден модел од артистите.
Оваа сезона Моден Викенд Скопје им го отстапува местото на новите генерации на модни дизајнери, па така, ревиите на студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, дипломците од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (Технолошко- технички факултет), и студентите при Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија) ќе бидат само дел од оние што ќе продефилираат низ Градскиот парк.
Интернационалниот институт за мода Изет Цури ќе се претстави со колекцијата на Шќипоње Абудили, а тука ќе бидат и Европскиот Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн), Џолев и Уметностите-со нивната школа за дизајн, уметност и технологија „Скала“, и на крај, тука се студенти од ТМФ при УКИМ, од институтот за дизајн и инженеринг на облека.

Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.
Ива Дујак од Creative Talks ќе биде модеротор на кружната маса на тема: „Елаборирање и преиспитување на придонесот на дизајнерите во општеството“.
Следете на на социјалните мрежи да дознаете кој се ќе продефилира на јубилејниот 25-ти Моден Викенд Скопје./М.М.

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.