Luceplan, италијанската компанија за светилки, промовира лампи кои изгледаат како да се со златести зраци и го облагородуваат просторот. Се работи за дизајн на унгарскатата дизајнерка Zsuzsanna Horvath која за своите светилки користи ласерски исечена иверица од бреза. Таа го разбуди интересот на компанијата кога на ланскиот саем за мебел во Милано го прикажа прототиппот на нејзиниот дизајн на лебдечки златести светилки наречени Illan Pendant Light.

Horvath е унгарска дизајнерка и архитект со седиште во Копенхаген, каде што води сопствено студио.
Illan на унгарски значи нешто привремено, минливо, концепт што Horvath се обиде да го долови со едноставниот и нежен дизајн. Прецизната технологија за ласерско сечење се користи за прецизно исцртување и еднакво растојание во сечењето низ тенкиот лист иверица.

„Идејата за светилката доаѓа од експериментирање со модели на ласерско сечење применети на различни материјали“, објасни Horvath. „Кога листовите хартија и дрво се сечат геометриски, тие добиваат нови карактеристики, суспендирани од силата на гравитацијата.
LED светло со топли тонови се наоѓа во внатрешноста за да создаде златна, дифузна светлина.
„Едноставниот концентричен мотив за сечење го обликува дрвото во тродимензионален скулпторски објект кој реагира на најмало движење на воздухот, додека топлиот сјај на светлината создава чувство на релаксација, вели Horvath./М.М.

You may also like

Comments are closed.