По повод кинеската лунарна Нова година, италијанскиот бренд Bottega Veneta создаде инсталација со која во својата зелена боја го брендира Кинескиот ѕид, а ќе биде и донатор и поддржувач на проектот за реновирање и одржување на Shanhai превојот.
На Кинескиот ѕид, од шести до 12 јануари, во инсталацијата беа прикажани не само името и логото на Bottega Veneta, туку и знаците 新春快乐 – Среќна Нова година. Инсталацијата е во зелената боја на Bottega Veneta, како и во портокалова нијанса на мандарина, што е симболот на среќа во Кина.
Bottega Veneta е италијанска луксузна модна куќа со седиште во Милано, Италија. Нејзините производни линии за мажи и жени вклучуваат готови производи : чанти, чевли, модни додатоци, накит и парфеми. Bottega Veneta е основана во 1966 година во Виченца, Венето, од Michele Taddei и Renzo Zengiaro./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.