Чајот е топол напиток чијашто редовна употреба, според најновата студија, влијае врз намалувањето на згрутчувањата на крвта, намалувајќи го и ризикот од мозочен удар.
Според истражувањето, пиењето топла напивка може да помогне да се избегнат состојби опасни по живот. Истражувањето е на Британска фондација за срце (British Heart Foundation, за згрутчувањето на крвта.
Истражувањето, објавено во списанието Biomedicine and Pharmacotherapy, ги евидентира придобивките од чајот. Првин, се покажало дека цистатинот во чајот промовира „анти-тромботична активност“. Цистатинот помага да се разреди крвта така што ги релаксира крвните садови и го инхибира лепењето на тромбоцитите.

Д-р Gill Jenkins вели: „Чајот е добро познат по своите својства врз здравјето на срцето, вклучувајќи намалување на крвниот притисок и антиоксидантни ефекти“. Овие здравствени придобивки може да се припишат на полифенолите кои се наоѓаат во чајот, како што се флавоноидите. Ова ново истражување откри дека оние кои редовно пијат чај имаат помала веројатност да развијат срцеви заболувања или да страдаат од мозочни удари.
Д-р Jenkins посочи на уште една истражувачка студија која докажува колку е корисно пиењето чај за здравјето на луѓето. Врз основа на истражување на „речиси половина милион возрасни Британци“, утврдено е дека три шолји чај дневно се идеални. Имено,трите шолји дневно се поврзани со 24% намален ризик од смрт поради кардиоваскуларни болести.
Чајот се поврзува со подобрено внимание и психомоторна брзина. Чајот може и да го намали ризикот од депресија, поради релаксирачките ефекти на L-theanine и подобрената циркулација во мозокот./М.М.

You may also like

Comments are closed.