На доделувањето на Brit Awards 2023, Ѕam Smith се појави во смел и необичен латекс комбинезон. Хит-мејкерот, кој за себе инсистира на родово неутрални заменки, предизвика внимание и реакции на социјалните мрежи за својата необична појава, во надуван латекс, поради која речиси и неможеше да се движи.

Неговиот дизајнер, Harri Kerala вели дека за да го направи, како што вели, фамозниот комбинезон, чии делови наликуваат на обликувани балони, му биле потребни четири дена.
Бројните и различни коментари на сметка на облеката одеа до таму што некои го прашуваа што шверцува во облеката, додека други забележуваа дека е полесно да се тркала одошто да се обидува да оди во новата тоалета.
На 43-то издание на Brit Awards 2023, одржано викендов во организација на британската фонографска индустрија, преставено е најдоброто создадено во британската и во меѓународната музика./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.