Во потрага по купувачи за своите облеки со вкус на незаборавената и неказнета кампања со срамна злоупотреба на деца, Balenciaga, и нејзиниот водач Demna сега нудат и улична мода.
Викендов челниците на фирмата решија на Windsor булеварот во Лос Ангелес да ја престават новата колекција на улична мода. Веројатно верувајќи дека црвените теписи пред холивудските врати ќе помогнат да се подигнат од етичкото и морално дно. Паралелно со настанот имаше и посетители кои бараа одложување на настанот и откажување на познатите во парадата.
https://www.businessinsider.com/celebrities-face-backlash-attending-balenciaga-fashion-show-after-controversial-ad-2023-12
Имено, за уличното дефиле модната куќа ги ангажира и раперката Cardi B и Brigitte Nielsen, модел и актер од 80-тите. Шетајќи за Balenciaga Nielsen признава дека морала да направи некои подготовки со изгледот за да се врати во режим на модели.

Како што се множат загубите на Balenciaga, а групацијата Кенинг упорно годинава го премолчува минусот, така се зголемува бројот на несакани колекции, како и на кризни ПР стратешки, со кои листата на амбасадори, задолжени за промоција и помош во продажбата, постојано се пополнува и надополнува. Од вчера на неа е и Никол Кидман.
Веројатно тие ќе останат и последните купувачи на Balenciaga, барем судејќи според коментарите на социјалните мрежи. Во нив се вели дека колекциите се лоши, дека понижувањето на купувачите со, на пример чанти во вид на кеси за ѓубре од 2000 евра сега се враќа како бумеранг, а и се посочува на конечниот колапс на модна куќа која некогаш служела за пример на оригинална, софистицирана облека, создадена од волшебните раце на занаетчиите.
По БДСМ скандалот, кој инаку според Demna бил само „погрешна проценка„ и ништо повеќе, како и по периодот на затишје, истиот креатор направи чевли за кои рекламата на критиките е кампања насловена kako No more blabla!!!
Кој разбрал разбрал!/М.М.

You may also like

Comments are closed.