Туристите во Тајланд наскоро ќе можат во рестораните да пробаат јадења од канабис.- Од производите од конопот, по легализацијата на одредените видови и под посебни услови, за неколку години во Тајланд се планира развој на индустрија вредна милијарди

Од скоро во Тајланд е повторно дозволена употребата на коноп од видот Canabis sativa во медицински и во прехранбени цели. Повторно, затоа што Тајланд има долга и силна историја со канабисот, од традиционалната медицина до црните пазари од висока класа. Билката била легална се до 1930-тите и широко се користела во традиционалната тајландска медицина.

Условите за одледување и употреба се сеуште ристриктивни и строго се контролираат но и покрај тоа ветуваат развој. Дозволена е имено  кулинарска употреба на конопот и на канабисовото масло, без ЦБД, односно без пхихотропни ефекти. Со тое е отворена вратата за цел куп иновации – од чаеви, козметика и храна до облека и производи од гума, кои вклучуваат коноп.

Паралелно со проширувањето на употребата на конопот, создадени се услови за нови сорти. Имено, повеќе компании се вклучени и во одгледување на нови видови канабис.  Во развој се инвестира плански и контролирано, во лиценцирани лаборатории од кои многу се очекува. Се смета дека индустријата за канабис, заедно со туризмот, може да стане една од водечките во тајландската економија.

Покрај промените во законодавство, постои и природна причина за успех: тропската клима е исклучителна за одгледување на ова растение. Инаку, по потекло е од Југоисточна Азија, расте во природа по должината на азискиот брег и во Централна Азија.  Општо земено, канабисот историски бил еден од најраспространетите и најчесто користени земјоделски производи од кои се правеле разни производи и храна низ целиот свет. Првата докажана употреба на канабисот датира од  пред 15 илјади години, во антички Египет и Месопотамија, каде со него биле зајакнувани опеки и sидови./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.