Нутриционистите велат дека  стевијата во прав е идеална замена за шеќер: можете да се користи како додаток на кафе или чај, лимонада, житарки, смути или шејкови, јогурт или кисело овошје. Можете да го додадете во печива или тесто, а се препорачува половина од вкупното количество шеќер од рецептот да се замени со помала количина стевиа, што ќе даде доволно чувство на сладост. Ако користите стевиа за прв пат, задолжително земете помала количество за да немате прекумерна слаткост.

Стевиа – Stevia Rebaudiana е растение кое припаѓа на семејството хризантеми и е една од најпопуларните и најчесто користени природни замени за шеќер. Повеќето производи базирани на стевиа се направени од високо рафиниран екстракт од лисја од стевиа наречен ребаудиозид А (Reb).

Бидејќи овој екстракт е 200 пати посладок од шеќерот, не треба да се користи во поголеми количини.

Стевиа е природен, нискокалоричен засладувач, па затоа и добар избор ако сте на неој редукционен режим на исхрана. Ако имате дијабетес, стевијата може да помогне во одржувањето на задоволително ниво на шеќер во крвта. Студија од 2010 година спроведена на голем број здрави луѓе со нормална телесна тежина и одреден  број дебели луѓе покажала дека стевијата значително го намалува нивото на инсулин и гликоза кај оние со прекумерна тежина.

За сега се достапни и одредени лабораториски докази дека стевијата може да помогне во спречување или борба против ракот. Според истражувањето од 2012 година, гликозид стевиозид, кој се наоѓа во ова растение, може да помогне во процесот на изумирање на клетките на ракот кај малигните заболувања на дојката. Стевиозид, исто така, намалува некои од митохондријалните патишта кои го помагаат развојот на малигните клетки. Истражувањето беше дополнето во 2013 година, и беше утврдено дека многу деривати на стевиа гликозид се токсични и штетни за специфични леукемии, клеточни линии на канцер на белите дробови, на дојка и на желудникот./M.M.

You may also like

Comments are closed.