Нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски учествуваше во кампањата на новиот српски бренд Филозофи ( Philosophy ), во Белград. Ова секако не е ново искуство на нашиот модел: пред светската епидемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона, за Two Management. Неговата кариера и големото портфолио му донесоа голем број ангажмани, вклучително и последниот. Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера –  се чека само на добар пласман, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент.

За интернационалниот пласман е задолжена реномираната српска модна агенција Демонс Модел Менаџмент, која работи и соработува со најдобрите светски агенции. Андреј е предодреден за голема кариера  и неговиот успех е неизбежен, додава Наумовски./М.М.

You may also like

Comments are closed.