Според Centers for Disease Control and Prevention ((CDC), само 75 минути неделно, односно околу 10 до 11 минути дневно вежбање со силен интензитет се доволни за да бидете здрави и со убава фигура.
Во пораките на терапевтите јасно се вели дека телото што го сакате можете да го добиете и без теретана, со 15 минути или помалку дневно ефикасно интензивно вежбање.
Само десетина минути напорно вежбање секој ден може да имаат и импресивни придобивки за вашето здравје. Подобро здравје за срцето, подолг живот, јакење на когнитивното здравје и градење на мускулите се само некои од нив.

1.  Подобро здравје за срцето
Само 10 минути вежбање неколку дена во неделата може драматично да го подобрат здравјето на срцето. Кусите интензивни тренинзи може да бидат подеднакво ефикасни за здравјето на срцето како и подолгите вежби со помал интензитет. Студија од 2016 година во PLOS One подели 27 мажи кои не вежбаат во три групи: едната група правеше три 10-минутни сесии неделно на спринт интервален тренинг, втората група правеше три неделни 50-минутни тренинзи со умерен интензитет, додека третата беше контролна група. По 12 недели, луѓето кои правеле 10-минутни тренинзи уживале во слични придобивки за здравјето на срцето како и групата со 50 минутен тренинг.
2 . Живеете подолго
Десет минути вежбање не изгледа толку многу, но може да направи голема разлика во вашиот животен век. Јавното здравство на Англија и Кралскиот колеџ за лекари велат дека само 10 минути брзо одење дневно може да го намалат ризикот од рана смрт до 15%.3. Јакнење на когнитивно здравје
Земањето одмор за брзо вежбање среде работниот ден може да биде само една од работите во борба против мозочната магла. Студија од 2017 година во Невропсихологија покажа дека само 10 минути умерено до енергично вежбање можат да помогнат во подобрувањето на функцијата на мозокот. Поточно, учесниците во студијата по тренингот покажуваа подобрено време на реакција на тестовите за визуелна извршна функција.4 . Можете да изградите мускули
Само кусото, силно вежбање, кога тоа се изведува редовно, можат да бидат доволни за да се зајакнат мускулите. Се разбира, под услов да имате правилен тренинг. Правилен распоред на вежбите за повеќе мускулни групи – и нивното ротирање, така што ќе работите секој еден во текот на тренингот – е клучно. Во тренингот за посилни мускули треба правилно да се согоруваат маснотиите, да се зголемат отчукувањата на срцето и да се забрза метаболизмот./М.М.

You may also like

Comments are closed.