Дизајнерката Johanna Ortiz, која последниов период живее и работи во Кали, Колумбија, инспирацијата за својата колекција за одмор за во 2022 година побара во Мајами. Таму се и снимени фотографиите со моделите и тоа во Мала Хавана и Мали Хаити, таа ги претпочита нивните меки, пастелни нијанси, многу повеќе од сончевата плажа на Мајами.

Со нетрпение очекувајќи го септември, дизајнерката размислува за враќање во Париз, каде што ги претстави своите колекции пред пандемијата. Ќе биде интересно да се види како ја синтетизира облеката за забави, по која некогаш беше позната, со нејзиниот нов, постпандемски период, во кој доминира облека што се носи без напор.Пандемијата и заклучувањата ги преобликува колекциите на Ortiz. Таа сака да покаже дека рафијата ги заменила возбудувањата, дека има сензибилитет и во оваа колекцијата, иако оди од посложените, кон поедноставени форми.
Онаму каде што со претходните излегувања покажуваше несериозност, сега се бара пофункционален пристап. Фустаните со долги ракави може да се носат на два начина, со деколте за клучеви од предната или задната страна, а остануваат и разновидните прилагодливи ремени.Ortiz ги чува комплетите за дневна облека со кои помина добро за време на пандемијата, додека другите фустани сепак ја имаат леснотијата на облеката за плажа. Пресекот на колкот – на карираното здолните, можеби е навестување за некои нови, креативни исчекори./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.