Скопје овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови.
Ист Гејт Мол се отвора на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2, Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.
Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Продавниците се простираат во просек на 2.000 м2. Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист Гејт Мол се наоѓа на само пет минути од центарот на главниот градот и е веднаш до автопатот М4.
Ист Гејт Мол се простира на пет нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.
Ист Гејт Мол е инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.