ВестиКултура на живеење

Ријана – од модна икона до мета на бојкот

Милијардерка на мета на бојкот: како помина Ријана со промоцијата на своите производи.- Приказната за „инклузивност и достапност за сите“, директено потсмев на сопствените обожаватели

Светската музичка ѕвезда и модна икона Ријана се најде на мета на критики на јавноста откако на официјалното лансирање на својата нова линија производи Fenty Hair во Лос Анџелес се појави во издание кое социјалните мрежи многу негативно го оценија . Имено, изгледот на Ријана беше оценет како непочитување кон купувачите, благодарение на кои и ги стекна парите.

По години носење гламурозни перики и екстензии, 36-годишната милијардерка одлучи да ја покаже својата природна, кратко потстрижена, прилично ретка, кадрава светлокафеава коса. Иако ПР-текстовите овој потег го нарекоа „храбро славење на природната текстура“, косата во јавноста беше оценета како сува, изгорена и лошо фарбана. Критичарите на социјалните мрежи веднаш порачаа: „Ни продава прескапи производи за обновување на косата, а нејзината изгледа како слама“.

Што се однесува до облеката, Ријана играше на картата на монохроматскиот луксуз. Одбра целосно бордо издание, комбинирајќи предимензионирана кожна јакна преку обична маичка со прерамки, кожно здолниште и салонки во истата нијанса. Сето тоа го надополни со луксузен, масивен ѓердан со рубини и дијаманти, што дополнително ја иритираше јавноста.

Овој естетски фијаско го разгоре веќе постоечкиот гнев и го забрза глобалното движење за бојкот и блокирање на профилите на ултрабогатите познати личности, кое започна за време на мајската Мет Гала. Дека гневот на јавноста има и реални последици покажуваат и официјалните бројки од социјалните мрежи. Ријана на својот профил на Инстаграм забележа нагол пад и изгуби дури три милиони следбеници, паѓајќи од 148 на 145 милиони корисници кои колективно одлучиле да престанат да ја следат во знак на протест.

Со лансирањето на колекцијата Fenty Hair, која официјално беше пуштена во продажба на 13 јуни, Иако Ријана сакаше да ја капитализира својата страст кон честото менување фризури, целата промоција се претвори во вистински маркетиншки кошмар.

Имено, најновиот бран на отпишување се случи токму минатата недела, по споменатата промоција на Fenty Hair. Публиката масовно почна да остава коментари со повици за бојкот на нејзините козметички производи, сметајќи дека со високите цени им „ја дере кожата“ на обичните луѓе.

Сето има своја причина: додека просечен шампон на пазарот чини околу шест евра, шампонот Fenty Hair на Ријана се продава по цена од 30 евра за мало пакување, што е поскапо за неверојатни 400 проценти во однос на просекот. Купувачите брзо пресметаа дека за основен сет од три производи треба да се издвојат речиси 100 евра, со што милијардерката, која кариерата ја изгради врз приказната за „инклузивност и достапност за сите“, директно им се потсмеа на сопствените обожаватели./M.M.

Фото: Инстаграм

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.