Една нова студија сугерира дека диетата инспирирана од постот може да помогне во реверзија на биолошкото стареење за 2,5 години. Истражувањата покажаа дека исхраната слична на пост има ефект врз инсулинот, маснотиите на црниот дроб, воспаленијата и другите маркери поврзани со стареењето.
Овој режим се заснова на конзумирање формулирана храна со контролирани нивоа на макроелементи во тек на 1-5 дена, по што се јаде нормално 25 дена во текот на месецот. Важно е, според Medical News Today, да се напомене дека ваква диета не е погодна за сите, вклучувајќи ги и бремените жени и постарите возрасни лица.

Професот Valter Longo, со USC Leonard Davis School, го има создадено овој петдневен диетален режим, богат со незаситени маснотии, ниски нивоа на протеини, јаглени хидрати и калории. Две клинички студии, спроведени на мажи и жени на возраст од 18 до 70 години, покажаа дека троен циклус на овој режим ги намалува маркерите поврзани со инсулинот, црниот дроб и со биолошкото стареење.
Резултатите покажаа подобрувања во однос на инсулинот и намалени масти во стомакот и црниот дроб. Исто така, двете клинички студии покажаа дека учесниците кои го следеле овој режим ги намалиле маркерите поврзани со биолошкото стареење во просек за 2,5 години. Едно од истражувањата, во кое беа опфатени 100 учесници, покажа дека диеталниот режим сличен на пост од 5 дена месечно. може да ја намали биолошката возраст на луѓето по само три месеци, без да го промени нивниот начин на живот./M.M.

You may also like

Comments are closed.