Jolie Madame е дизајнирана со цел да креира радикална промена во светот на класичните модни додатоци.
Jolie Madame е едновремено и футуристичка и легендарна. Визуелно силна, модерна, препорачана за gen Z, идеална и за град и за навечер. Контрастираните бои и материјали истакнуваат неочекуван дизајн и со црната и бела претставуваат оддавање почит кон легендарниот дизајнер и основач, Pierre Balmain.
Канализирајќи го легендарниот облик на чантата ‘Jolie Madame’ на Pierre Balmain со решителноста на Olivier Rousteing да интегрира револуционерни иновации во некои од најпознатите модни парчиња, класично-футуристичките линии на чантата Jolie Madame вешто ги спојуваат иновативните техники и новите материјали со традициите на париското уметничко модно занаетчиство.


Инаку, “Jolie Madame” е име одбрано од Pierre Balmain за неговите колекции во 1950-тите, како симбол на одредена филозофија на елеганција. Добро познатиот парфем “Jolie Madame” беше лансиран во 1952 година.


Ова е одење до историјата на модната куќа Balmain, како што се посочува во претставувањето: спојување на наследството со модерната, иновативна визија на неговиот уметнички директор./M.M.

Деталите се тука.

You may also like

Comments are closed.