Германската брзорастечка компанија за декоративна козметика го промовираше својот нов бренд ZEENA, кој веќе е пристигнат во нашата земја. Мисијата на ZEENA е убавина за сите, како и демократизирање на убавината, на радост и можност секоја дама да ја искуси оваа квалитетна козметика.


ZEENA е европски козметички бренд основан во 2020 година. Создаден е и дизајниран во Германија, од вљубеници во убавината со над 20 години експертиза и вистинска страст за make-up.

ZEENA донесува елегантни козметички елементи: високо пигментирани текстури, долготрајни кармини, блескави сјаила, длабока црна маскара за волумен и уште многу производи за шминка со високи перформанси. Допирот на луксуз е во секој детал: од формулација на пакувањето, до квалитетот на самата веганска козметика како врвен приоритет, која не е тестирана на животни.
Помеѓу многуте гостинки на промоцијата на ZEENA беа присутни и модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева, актерката Амернис Нокшиќи, тв лица Живкица Каленикова, Јована Стојменовиќ, Јелена Спенџарска, Билјана Дебарлиева, Татјана Стојановска, Ирена Спировска… инфлуенсерки и претставнички од медиумите кои уживаа во тестирањето на новата козметичка линија.

You may also like

Comments are closed.