Она што сега целосно ја освои науката е така наречената цревна флора. Бактериите во цревата се критичен фактор за развој на имунитетот кај луѓето. Значењето се потпира и на научните студии и текстови според кои цревната флора на мајката влијае врз имунитетот на детето.

Станува сосема јасно дека родителите треба да ги одбегнуваат антибиотиците во лекувањето на децата. Имено, децата кои често примаат антибиотици до двегодишна возраст подоцна имаат многу здравствени проблеми подоцна – од прекумерна тежина до алергиски болести.

Децата претежно се раѓаат со урамнотежена цревна флора во која лошите бактерии генерално неможат да ги најдат корисните. Проблемот се јавува во текот на животот, кога постои нерамнотежа на цревната флора, поради дејството на многу фактори: нездрави навики, лоша исхрана и игнорирање на симптомите кои можат да бидат штетни за дигестивниот систем, но и за општото здравје.

Етикетирани уште како „добри бактерии“, пробиотиците побрзо ја разградуваат храната во цревата, обезбедуваат енергија за телото и се одличен сојузник во борбата против инфекции.

  • Домашно кисело млеко – најдобар природен пробиотик е домашно кисело млеко, подготвено од млеко на крава што пасело трева, бидејќи содржи и омега 3 киселини.
  • Младо бело сирење – одличен природен пробиотик, особено ако е од животни кои паселе трева.
  • Козја сурутка – одличен природен пробиотик кој го чисти и црниот дроб, ја нормализира неговата функцијата и ја балансира крвната слика.
  • Кисела зелка – Најдобрите природни пробиотици не можат да се замислат без кисела зелка. Не само што има витамин Ц, многу ензими и балансни супстанции, таа е одличен природен пробиотик и треба редовно да се јаде во текот на есента, зимата и раната пролет во форма на салата.
  • Домашен јогурт – исто како и киселото млеко, ако можете направите домашен јогурт. Ако користите индустриски јогурт, тоа ќе има некои ефекти врз микробиомот, но не како домашниот јогурт. Бидејќи, природните пробиотици треба да имаат што повеќе соеви на бактерии во нив.
  • Мисо – одличен природен пробиотик типичен за јапонската и кинеската кујна. Тоа е ферментирана соја. Користете мисо како пробиотик, ставете го во супа или чорба барем неколку пати неделно.
  • Комбуха – тоа се печурки кои растат на црн чај и со ферментација на шеќер создаваат пријатен кисел сок полн со здрави бактерии и микроелементи.
  • Кефир – некогаш прогласен за најдобар природен пробиотик во светот, кефирот има некои својства (габи) кои не се секогаш пријатни за секого.
  • Кисели краставички (без оцет) – домашна кисела краставица направена само со сол и без оцет е одличен пробиотик./М.М.

You may also like

Comments are closed.