3D печатењето долго време беше поздравено како потенцијално решение за брзо и ефикасно градење, а ова ветување сега ете станува и реалност. Седум примери на 3Д-печатени домови кои се веќе изградени се преставени и во магазинот Дизајн.

Холандското архитектонско студио DUS Architects користеше одржлива биопластика за печатење и конструирање на оваа микро-кабина од осум квадратни метри во Амстердам. Структурата користеше моделирање на таложење, форма што обично се користи во 3D принтери за домаќинство, за да се создадат геометриски ѕидови.

Во соработка со специјалисти за 3D печатење WASP, Mario Cucinella Architects во создавањето на прототип на куќа со ниска содржина на јаглерод ја користеа народната архитектура и античките градежни техники. Двете поврзани куполи се со површина од 60 квадратни метри. Структурата е опремена со стаклени врати и голем светларник на врвот на секоја купола што дозволува светлината да влезе во просторот. Студиото комбинираше модерна технологија и глина добиена од локално ниво за да ги произведе домовите, користејќи 3D печатач со повеќе нивоа кој може да ја заврши структурата за 200 часа, додека троши само шест киловати енергија.

Изграден како дел од проектот според кој 3Д-печатени куќи би се користеле за изнајмување, овој дом во облик на карпа стана е првиот 3D-печатен дом во Европа. Дизајн е на холандското архитектонско студио Houben & Van Mierlo и е развиен како дел од истражувачки проект со Технолошкиот универзитет во Ајндховен со цел да се прошири знаењето околу производството на 3Д-печатени домови.

Куќата во Вестерло, Белгија, е првата 3Д испечатена во едно парче. Двокатната куќа е висока осум метри, има површина од 90 квадратни метри и е изградена за да го покаже потенцијалот на 3D печатењето.

Куќата Гаја од Италија, со површина од 30 квадратни метри е испечатена со помош на мешавина од локална почва, сечкана слама и оризови лушпи добиени од производство на отпад од ориз. Компанијата тврди дека ако не се одржува, домот лесно може да се биоразгради и да се распадне во почвата. Од WASP компанијата уверуваат дека земјоделскиот отпад може да стане главен ресурс за градежништво и 3Д печатење.

ICON соработуваше со развивачот на станови 3Strands за да произведе четири 3D-печатени куќи дизајнирани да издржат екстремни временски услови. Биле потребни седум дена за печатење на повеќе станови со две, три и четири спални соби. По печатењето, внатрешното уредување е доверено на дизајнерка од Остин, Claire Zinnecker.

Меѓу 3Д печатените куќи особено внимание привлекува Casa Covida, создадена во САД. Се работи за две куполи споени во колиба, дизајнирана за во неа да живеат двајца во изолација за време на ковид пандемијата. Ѕидовите сенаправени од песок, тиња, глина и вода, испечатени со помош на SCARA со три оски (Selective Compliance Articulated Robot Arm.) Куќата има и отворен камин и розов покрив на надувување што може да се подигне ако врне или паѓа снег./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.