Пред само два дена, на барање на модната агенција Елит од Милано, нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски замина за Милано, за со нив да потпише ексклузивен договор.

Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции. Нашиот Андреј секако имаше успешна година во која изработи голем број кампањи и едиторијали. Меѓу се и оние за Дона Матоши ( Косово ), Спорт Вижн ( Србија ), Replay ( Косово ) како и последната кампања за Фешн Груп – Mango Man, Dan John  и Bitsiani.

Според сите модни параметри и стандарди, Пајмакоски е на добар пат да го „покори„ модниот свет,  а ние сме горди на неговата посветеност и крајна професионалност велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент. Во секој случај, да се биде дел од светски признаена  модна агенција како Елит е голема чест и привилегија.

Моделс Ин Менаџмент


More in:Модели

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.