Barbie не е само убаво лице – таа исто така стана шампионка на моќта на девојките, фигура ставена во функција да прослави некои од најпознатите жени на нашето време, а со тоа и да делува мотивирачки на младите девојки.

Неодамна производителот Mattel создаде кукли – здравствени работници од првите редови на пандемијата, вклучувајќи ја и жената што ја создала вакцината AstraZeneca. Тоа е професорката Sarah Gilbert, вакцинолог на Oxford University. Кукли се направени и според ликот на Jaqueline Goés de Jesus – биомедицински истражувач, Dr Kirby White, ко-креаторка на облека за повеќекратна употреба за здравствените работници во Австралија. Dr Chika Stacy Oriuwa е лекар, поет и социјален активист, а Amy O’Sullivan и Dr Audrey Sue Cruz се здравствени работнички од САД.
Mattel создаде Barbie верзија на Samantha Cristoforetti, првата жена астронаут од Европската вселенска агенција. „Мини куклата Samantha веќе беше на параболичен лет, така што веќе има искуство со бестежинска состојба“, рече Cristoforetti во видео изјава: „Навистина се надевам дека можеме да создадеме возбуда, особено кај младите девојки и дека тие слики ќе го разгорат сјајот на страста во срцето на некоја девојка, а тоа би било неверојатно“. Samantha Cristoforetti ќе служи како командант на Меѓународната вселенска станица, во мисија поставена за април 2022 година.

Првата кукла Barbie со хиџаб беше инспирирана од олимписката мечувалка Ibtihaj Muhammad. Таа беше првата американка што некогаш настапила на Олимпијадата, носејќи хиџаб. Од магазинот „Тајм“ во 2016 година е прогласена за една од „100-те највлијателни луѓе“на годината, кога се натпреваруваше на Олимпијадата во Рио.
Sally Ride, првата американка во вселената, како Barbie, изгледа како да е подготвена да снима за ѕвездите – носи слушалки, комбинезон на НАСА и вселенска кацига.
„Куклата што ги инспирира жените и стана Barbie, Frida Kahlo, ги слави револуционерните достигнувања, херојството и долготрајните придонеси на Frida во уметничкиот свет и за жените“, се вели во описот на куклата.
Barbie објави и кукла со изгледот на Zendaya на Оскарите, во 2015 година. Портпаролката на Mattel, Michelle Chidoni, изјави за Today.com дека брендот сака да ја препознае Zendaya како „модел на фокусирање и залагање за себе, за културата и за она во што верува – а тоа е многу важно за девојките“./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.