Profhilo претставува инектирање на чиста хијалуронска киселина, во големи количества, со која се био-ремоделираат колагенот и еластинот, притоа не создавајќи никакви негативни ефекти!

Profhilo, полнилото со хијалуронска киселина, спаѓа во групата напредни естетски третмани, познати уште и како „засилувачи„ на кожата који, од ден на ден, стануваат се популарни – и кај жените и кај мажите. Се разликуваат од типичните дермални филери, а се користат за хидратација и подмладување, преку создавање волумен.

Третманите за создавање и одржување на влажноста на кожата со инјектирање содржат хијалуронска киселина, природна компонента на човечката кожа која, со годините, телото се помалку ја произведува.

Хијалуронската киселина е составена од долги нишки, слични на шпагети. Во дермалните филери, нишките се вкрстено поврзани, така што остануваат онаму каде што се се инјектирани и на тој начин создаваат волумен. Кај Profhilo третманите  нишките со хијалуронска киселина се помалку поврзани така што по инектирањето рамномерно се шират низ лицето. Така, ја хидрираат кожата, спречувајќи ја опуштеноста и давајќи му на тенот здрава текстура и свеж изглед.

Кај Profhilo третманот се даваат десетина инјекции во долниот дел од лицето, што може да остави мали отоци што траат до 24 часа, со потенцијални модринки.

Profhilo не создава никакви негативни ефекти и со тоа се разликува од другите третмани со инјектирање, како што се токсините за релаксирање на брчките и традиционалните филери.

Потребни се два третмана, реализирани во шест недели, со тоа што најдобрите резултати се видливи околу три до четири недели по втората сесија. Првите промени се забележливи веќе по првиот третман.

Со Profhilo се зголемуваат густината и еластичноста на кожата. Додека обичните филери ги подобруваат контурите на лицето, со Profhilo се создава значајно поцелосен изатегнат изглед на лицето, кое изгледа сосема природно, но и освежено и подмладено.

Во преставувањето на оваа процедура се вели и дека резултатите траат шест до осум месеци, поради што се предлага надополнување на секои три месеци, во зависност од состојбата на кожата./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.