MVRDV, холандското студио за архитектура и урбан дизајн, со седиште во Ротердам, ги промовираше проектите на тема Van Gogh и климатските промени. Проектите ќе бидат реализирани со Фондацијата на Van Gogh, во провинцијата Северен Брабант, каде што е роден легендарниот сликар.

Целта е посетителите да добијат претстава за идните ефекти на климатските промени врз пејсажите на регионот, преку инсталации кои ќе вклучуваат привремени „супер дини, хортикултурни кули, комори за дожд и куќички од хедер“. Сликите објавени од студиото покажуваат и висока отворена структура со џиновска контура на ликот на Van Gogh и портокалова лизгалка што се спушта од брадата на ликот на сликарот.

Амбиција на програмата е „ на атрактивен и достапен начин да прикаже како пејзажот што го инспирираше Винсент Van Gogh пред 150 години може да се направи поодржлив и позелен во иднината.” Од MVRDV посочуваат и дека биеналето нема да им држи предавања на посетителите за климатските промени, туку ќе им овозможи да ги искусат нивните ефекти.

Првото биенале ќе се одржи во 2025 година и ќе вклучува изложби на отворено, инспирирани од климатските промени и визијата на Van Gogh за пејзажот на Брабант, регионот во кој големиот сликар е роден./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.