За вкусовите, нели, не се расправа. Секако, не ни имавме таква намера. Само препорачуваме, усвојувајќи предлози и мислења на тестирани и препорачани производи. Затоа што знаеме дека купувањето нов парфем е едновремено и предизвик и стрес и – искуство. За сето да го олесниме, ги одбравме најдобрите во своите категории. Без оглед дали барате нов мирис или сакате да ја изградите вашата гардероба за мириси, проверете ги нашите избори.

  • Најдобар унисекс Le Labo Santal 33 – парфемска вода:

Мирисот се смета за унисекс, така што секој може да го носи. Мирисот има толку многу длабочина што колку повеќе го вдишувате, толку повеќе се менува. Вљубениците го користат за цел живот.

  • Најдобар унисекс Runner-Up, Byredo Bibliothéque – парфемска вода:

Мирис инспириран од библиотека- тоа секако може да звучи чудно, но верувајте – работи. Првично, една од најпродаваните свеќи на брендот. Праска, слива, божур се во првите редови, иако основните ноти на пачули се доволно силни за да го направат тотално унисекс.

  • Fragrance – најдобар цветен мирис – парфем спреј Frédéric Malle Carnal. Цветна тубероза (овој парфем содржи најголема концентрација на природна тубероза во индустријата за парфеми) со овошна диња, зелен еукалиптус, сладок кокос и длабок мошус може да звучи многу, но некако сите работи заедно. Крајниот резултат е софистицирана мешавина која дефинитивно е цветна, но сепак сложена, нијансирана и тотално модерна. Со други зборови, нашите уредници се опседнати со тоа.

  • Burberry Her – парфемска вода:

Црна рибизла, малина и боровинка се врвните ноти на овој мирис. Цветниот јасмин и виолетовата воде го чуваат онз   женствено и кокетно, иако, како и сите мириси на Burberry, сепак има допир со килибарот и мошусот. Крајниот резултат е софистицирана мешавина, сложена, нијансирана и тотално модерна.

  • Најдобар Soft Woody: Atelier Cologne Santal Carmin

Бергам и шафран се врвните ноти во овој парфем, но со неочекувана додатна свежина од сандалово и моќно кедрово дрво. Избор за секој ден – моќен, силен, опстојувачки./M.M.

You may also like

Comments are closed.