Како дел од трилогијата „Саеми во пролет”, во организација на Скопски Саем, денес е отворен Саемот за транспорт. Се реализира на отворено, во комплексот Борис Трајковски, во Скопје, со учество на над 40 брендови од државата ирегионот, како и светски брендови од светот на транспортот и логистиката.

Според организаторите, Саемот за транспорт годинава започнува со значително квалитетна палета на учесници и брендови, а воедно и одлични саемски понуди за сите потреби во областа на транспортот. На годинешниот Саем се вбројуваат реномирани импортери на товарни, комерцијални и приклучни возила, автобуси, градежна механизација, компании за логистички и транспортни услуги, пратечка индустрија и услуги.

Саемот е отворен секој ден – од денес до петок, деветти јуни, од 10:00 до 18:00 часот.

За сите информации поврзани со Саемот за транспорт, следете го Скопски Саем и на @skopski.saem на Instagram, како и на Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.