Големиот моден викенд во Скопје (FWSK), традиционално доаѓа во својот термин, на почетокот на есента, што ќе значи уште едно надминување на конвенционалните граници на стилот. И за ова 27. издание продолжува настојувањето организаторот да  става акцент на темата која одамна тој тим ја лоцира како релевантна, а тоа е одржливоста под слоганот Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода“.

Од 28-ми до 30-ти септември, FWSK ќе го трансформира комплексот Urban Garden во скопски Аеродром во раздвижен центар на модата и креативноста. Сепак, ова нема да е само полигон за прикажување на најновите колекции од младите дизајнери за сезонава. Тридневниот настан има намера да поттикне значајни разговори, поставувајќи покрај модната писта и простори за работилници, уметност, проекции на филмови и ангажирани разговори кои навлегуваат од интересен агол во актуелната тема за одржливоста во модната.

Напорот на FWSK не е само да презентира, туку да ја едуцира, инспирира и придвижува заедницата кон поодржлива иднина. Со нудење на спој на модни ревии, експериментални колекции и необични простори за излагање, FWSK има за цел не само да ја истакне убавината и уметноста на дизајнот, туку и да ја нагласи колективната одговорност на модната индустрија кон нашата планета. Овој настан е етаблиран повик за акција, потсетувајќи ги сите вклучени – од дизајнери до потрошувачи – на критичната улога што ја играат во обликувањето на иднината./FWSK

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.