Како се прави чанта налик на кеса од Lay’s чипс од 1.800 долари.

Иако не стивнуваат реакциите за торбичката за отпадоци на Balenciaga од 1.790 долари, шпанската модна куќа реши во зимската колекција ја вклучи и новата чанта од 1.800 долари, која наликува на кеса од Lay’s чипс.
Чантата е креација на Demna Gvasalia, францускиот дизајнер по потекло од Грузија, кој е и креативен директор на Balenciaga, а е резултат на соработка со брендот Lay’s. Чантата која има изглед на кеса на чипс е изработена од егзотична кожа, има препознатливо лого на Balenciaga и доаѓа во црвена, жолта или сина боја, како и металик сребрена постава.

Иако според описот на Gvasalia, торбата е „must have“, мислењата на интернетот одат во сосема спротивна насока: ова е најглупавата работа што некогаш сум јавидел, или, подобро да го изедоа чипсот по ревијата, како што е забележано е на Twiter.

Како потсетување, ниту торбичката за отпадоци на Balenciaga, не поминува добро на социјалните мрежи. На Инстаграм тие добија коментар: „Тие припаѓаат… во ѓубрето“
Насловот на Инстаграм налогот на магазинот Highsnobiety, кој ја објави информацијата за впечатоците за производот, вклучува и цитат од Gvasalia, во кој се вели: Неможев да пропуштам можност да ја направам најскапата кеса за отпадоци на светот, бидејќи кој не сака моден скандал?
Можеби и овој пат се работи за истиот порив, а можеби пресудна била и соработката со Lay’s чипс. Се спомнува и можното настојување да се направи своевидно надополнување на Moschino изданијата на чанти што наликуваа на паста за заби, па за багет, или на шише за чистење на бања.
Без оглед на мотивите и причините, впечаток е дека со ваквите, како што вели самиот Gvasalia модни скандали , тешко дека ќе Balenciaga ќе ја наполни касата./М.М.

You may also like

Comments are closed.