Основана пред повеќе од еден век, во 1912 година, во деветтиот арондисман во Париз, Франција Galeries Lafayette преставува синоним на водечка стоковна куќа. Со време, создавајќи цел ланец стоковни во Франција и ширум светот, трговскиот ланец постојано воведува новини и се приспособува кон модните трендови. Така есенва, во Galeries Lafayette има триесетина нови брендови со свои производи, вклучувајќи т.н. инста-вирални брендови како : The Frankie Shop, By Far и Staud. Со интерактивни дисплеи и кураторски избор на одржливи парчиња, далеку ги надминуваат вообичаените стоковни куќи. Во Bobby, винтиџ галеријата ги очекува бројните посетители со оригинален наслов :„Купи сега или плачи подоцна“.
Потрагата по оние невозможни а посакувани нешта, што ги нема на други места е во Bobby. Фалејќи се со ретки дизајнерски парчиња како Chanel, Sandro и Celine, винтиџ продавницата е вистинска ризница на модни откритија./М.М.
More in:Вести
„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ вреден 12,5 милиони денари, ќе помогне во лекувањето на околу 200 деца
Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите ...
Биоматеријалот Adam Sheet е со вкус на јаболко
Дизајнерското студио Sozai Center создаде водоотпорен биотекстил наречен Adam Sheet, направен од отпад од јаболка. ...
Замина Roberto Cavalli – дизајнерот кој го копираше Бога!
Почнав да забележувам дека дури и рибите имаат фантастичен „фустан“ во боја, како и змијата ...
Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија
На 19 и 20 април, рок-групата „Ареа“ ќе одржи акустичен концерт во скопската Филхармонија. Членовите ...