Вашата кожа да остане мека и еластична, потребно е да се спречи понатамошно губење на влагата. За нега на сува кожа е потребно поголемо внимание, а најдобро ќе и помогнете со природни маски за лице и соодветни производи за нега на кожата.
Топол туш навистина звучи примамливо во овие студени денови, но топлата вода не е баш најдобро решение за сува кожа. Проблемот е што топлата вода дополнително ја суши кожата и ги отстранува природните масла кои ја хидрираат кожата и ја штитат од надворешни влијанија.
Подгответе слатки маски од мед.
Медот се смета за еден од најдобрите природни навлажнувачи на кожата. Богат е и со антиоксиданти, има антибактериско дејство и ја чисти кожата од разни нечистотии.
– МЕД: Нанесете тенок слој мед на лицето и оставете го да делува 5-10 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода. Оваа постапка можете да ја практикувате секој ден.
– МЕД И ЛИМОН: Измешајте мед и сок од лимон. Нанесете ја смесата на лицето и исплакнете по 10 минути.
– МЕД И МЛЕКО ВО ПРАВ: Измешајте 3 лажици млеко во прав со неколку капки  маслиново масло, и на крај додадете лажица мед. Нанесете ја смесата на лицето и по 10-15 минути исплакнете го лицето со млака вода. /М.М.

You may also like

Comments are closed.