На 24 ноември во Double Tree by Hilton Skopje ќе се одржи четвртиот по ред официјален избор на Мажи на годината кај нас. Настанот во повеќе од 70 земји во светот на едно место ги собира најуспешните мажи во повеќе категории.

“Повторно се враќаме, онака како што и му доликува на еден ваков настан, во својот препознатлив стил, во форма на вистинска гала вечер која на едно место ќе ги собере најуспешните мажи кај нас. Среќни сме што во наредниот период ќе ги избереме 13 најуспешни во 13 категории.” – изјавуваат организаторите од Џентлмен Магазин.
Како и секоја година така и оваа година, наскоро јавноста ќе може да номинира кој маж заслужува да биде избран за маж на годината. Ќе можат да кажат кој е тој кој направил најмногу изминатата година, кој уживал углед на вистински џентлмен.
“За некој ден ќе ја известиме јавноста за можноста за номинации на мажи кои според нив се најзаслужни за награда во категориите. Веднаш потоа, традиционално, дел од номинираните ќе ги поставиме јавно на гласање, и со помош на публиката ќе го избереме Мажот на годината за 2021 во избор на социјалните медиуми. Таа награда е некако посебна, знаејќи дека нашата јавност знае да биде навистина многу критична и реална.” – додаваат организаторите./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.