Мода вестиМоден мозаик

На модната мемориска лента на Super Bowl низ годините

По завршетокот на годинешниот Super Bowl LVI Pregame, како и на разговорите за впечатоците за победникот и за космичките цени на рекламите, дојде ред и на модната сцена на настанот.

Во таа смисла, неколку личности и нивната пригодна облека ќе останат запаметени: Првин, многу се говори за темно црвениот фустан на Jhené Aiko, која ја изведе „America the Beautiful“и чија што појава внесе гламур на настанот. Раперот Kendrick Lamar се појави во палто на Louis Vuitton, креирано од неодамна починатиот дизајнер за машка облека Virgil Abloh. Abloh, познат по својот фокус на уличниот стил и хип-хоп влијание, беше првиот афроамерикански дизајнер на чело на голем, луксузен француски бренд.


За настанот, Mary J. Blige носеше облека на Peter Dundas , која се состоеше од сребрен топ украсен со делови на огледала со леопардов принт, соодветни шорцеви и чизми. Таа според оценките на јавноста и на социјалните мрежи, беше моден победник на настанот, наликувајќи, како што беше истакнато, на „снежен леопард“.


Super Bowl модата привлекува огромно внимание и тоа уште од првото издание, во 1993 година во кое, во паузата, настапувале и се појавувале во моментот најпознатите – од Katy Perry во четирите фустани, до костимот на црн пантер на Beyoncé, од Diana Ross до Lady Gaga и Britney Spears.
Освен Jennifer Lopez во Versace или Katy Perry во дизајн на Jeremy Scott, низ годините на Super Bowl можеле да се видат фантастични дизајни што остануваат во секавање и се вредни да се погледнат повторно./M.M.

You may also like

Comments are closed.