Убавина вестиУбавина и здравје

Најголемо шише со Chanel N°5 парфем

Chanel N°5 го престави колекционерскиот примерок на парфемот, во шише со 2021 мл. парфем.

По повод одбележувањето на јубилејот – 100 години од создавањето на легендарниот Chanel N°5 славната модна куќа го промовиа ограниченото издание CHANEL N°5 “GRAND EXTRAIT BACCARAT 2021ml”.

Колекционерското шише на славниот парфем е направено од специјално обработен кристал што сјае како дијамант. Според оригиналниот дизајн на шишето за парфемот, на него е залепена минималистичка етикета N°5, а на врвот од шишето сјае ребреста капа која наликува на круна. Тоа е најголемото шише парфем досега, со дури 2021 ml парфем.
Секој парфем N°5, со шише дизајнирано да собере 2021 мл., е спакувана во комеморативна кутија. Материјалот на кутијата имитира кожа, а дизајнот го одразува првото пакување на парфемот, пред еден век. Купувачите ќе најдат и кристално стапче Baccarat во пакувањето за попрецизно аплицирање на одредени места. Според Coco Chanel тоа се: точка зад увото, внатрешната страна на зглобот и деколтето./М.М.

You may also like

Comments are closed.