Со моделите на пролетно-летнатата колекција Christopher Esber се надоврзува на темите што ги развива веќе неколку години и со кои привлекува големо внимание на големите платформи за малопродажба.

Во главата на Christopher Esber е секогаш лето, што и најмногу помогнало да остане фокусиран додека ја дизајнира и најновата колекција за идните сезони. Esber користи сложени техники на врзување за да им дозволи на моделите да бидат едновремено атрактивни, како и пријатни за носење.
Највпечатливи се парчињата со ленти и копчи, невообичаени деколтеа, и врзувања на фустаните. Колекцијата како да зрачи со тивка самодоверба и сила што се рефлектира преку иновациите во исечените и развиените ткаени и украсени текстили.
Откако го основа својот бренд во Сиднеј, во 2010 година, Esber изгради и глобална репутација на дизајнер кој ги знае и применува тајните на кроењето и создава силуети на структурирана флуидност.
„Гледајќи наназад кон нашата прва колекција, сè уште се чувствуваме релевантно и продолжуваме да работиме со основните елементи од таа прва колекција: кроење, кошули, украсување и кожа, изјави Esber.
Секоја облека има суптилен сензибилитет во приспособените опуштени кроеви, необработени акценти и спортски инспирирани завршетоци, за ослободен квалитет на облеката.
Christopher Esber се разви во реномиран бренд со освоени бројни признанија, меѓу кои е и Emerging Designer категоријата на Australian Fashion Laureate Award за 2014 година./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.