ВестиКултура на живеење

Минералната вода “Јана“ со rPET амбалажа

Со порака според која земјата не се врти за нас, туку за нашата иднина – “Јана“прва во регионот го престави целосно рециклираното шише за својата минерална вода.

https://jamnica.company/odrzivost/pakiranje-i-recikliranje/

Со цел да придонесе кон одржливоста и зачувувањето на природата за идните генерации, минералната воа “Јана“ отсега ќе биде во 100% рециклирана пластика, со намалено количество пластика за и со тоа да ги намали на СО2. Употребата на рециклираната пластика ќе влијае врз намалување на циркулацијата на пластика во природата.

Рециклирана пластика или rPET вклучува повторна употреба на пластика во производството на нови шишиња. Reuse, или повторна употреба, е основа на кружниот модел на економијата. Употребата на рециклирана пластика помага да се намали количеството на пластичен отпад: во 2021 година ќе се намали количеството на пластика за 44 тони во споредба со претходната година, додека во 2022 година, количеството пластика ќе биде помало за дури 73 тони во споредба со 2020 година . Ова ги намалува емисиите на СО2 за дури 79% или 1.229 тони СО2 годишно.  Приближно како од сообраќај да се исклучат 307 понови автомобили со средна големина и со во просек поминати околу 20.000 милји годишно.

Со овој свој потег “Јана“ покажува како една од примарните задачи на човекот е да ја остави природата онаква каква што ја затекнал, за да можат идните генерации да уживаат во неа, посочуваат од брендот./M.M. https://vimeo.com/571164059

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.