Студентките Сара Јованова и Елмедина Мислими од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје изработија иновативен проект за да се подигне јавната свест за трговија со животни преку кој им овозможи  директно учество за натпревар на овогодинешниот виртуелен Зоохакатон, со 29 тимови од цела Европа на тема технологија и заштита на живиот свет и животната средина. Настанот се организира од страна на Француската фондација Free Spirit, поддржана од Американските Амбасади во Европа заедно со Стејт Департментот.

– Целта на Зоохакатон беше да се инкорпорираат модерни решенија преку кои може да се подобри состојбата на живиот свет, имено да се спречи трговијата на диви животни и праксата овие ретки видови да се трганат од „хабитатот” каде живеат и на еден начин да се “фрлат” во сосема поинакви услови кои воопшто не им прилегаат и тие се форсирани преостанатиот живот да го поминат во болка и тажни. Нашиот тим броеше пет членови, меѓу кои ние како студенти по ветеринарна медицина и три други членови од различни држави – студенти за информатички технологии и компјутерско инженерство, и заедно успеавме да креираме, во првична фаза на идеја, апликација која ќе служи за кревање на јавната свест за оваа проблематика и последиците кои ги сноси, вели Сара Јованова, учесничка на проектот и студентка на ФВМС.

Сара Јованова

Нивниот тим насловен “Koala Fan Club” од 29 тимови беше еден од 18-те тимови кои влегоа во потесен круг и создадоа вистински решенија за зададените проблеми, што ја направила работата на жирито многу тешка, изјавија од кабинетот на претседателот на организацијата во завршната церемонија.

– Повеќето од учесниците беа студенти за информатички технологии и компјутерско инженерство и нашиот тим беше еден од ретките кои имаа интердисциплинарен пристап во креирање на решение. За нас како студентки на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје оваа проблематика е важен дел од наставната програма, така што среќни сме што многу од нашите професори се посветени да не охрабрат да работиме на решенија кои ќе остварат достоинствен живот за животните. Искуството беше многу важно за нас затоа што соработката која ја остваривме со други млади ентузијасти низ Европа со кои во иднина можеби и ќе создаваме нови начини за да го заштитиме и негуваме животот на овие животни, додава студентката Елмедина Мислими.

Елмедина Мислими

Ваквите учества во проекти и остварени контакти со други студенти-ентузијасти низ цела Европа се од особено значење за студентите, како што се студентките од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје чија цел е да го негуваат мотото “Едно здравје” кое преку грижа за животните да се грижат за здравјето на луѓето и за животната средина.

Инаку трговијата со диви животни, како и отпечатокот на човековото дело врз животната средина се тематски кластери под кои спаѓаат огромен број на проблеми, што мора да се решат и ќе придонесат да се негува животната средина и да се овозможи достоинствен живот на сите живи суштества.  

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

 

You may also like

Comments are closed.