Македонскиот бренд Her Line, заедно со пејачката Викторија Лоба, амбасадор на брендот и за прв пат и креативен дизајнер, ја претставија новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 “Blooming Monochrome”, како лајфстајл линија за жени и девојки.

Спортскиот шик и минимализмот, претставуваат главнен печат на “Blooming Monochrome” линијата. Секако, вметнати се и најновите трендови, како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.

– Во моето секојдневие навистина ми беше потребна облека која ќе биде удобна, квалитетна, која одлично ќе се прилагоди на фигурата и, воедно, ќе изгледа стилски, за даможам да ја носам во повеќе прилики. Сакам сите девојки во оваа облека да се чувствуваат удобно и со стил, во исто време. Затоа, навистина се погриживме да одбереме високо квалитетни материјали и да го усовршивме кројот. Ве поканувам во нашата онлајн продавница – да разгледате и да шопингувате – вели Лоба.

Електронската продавница е на слевниов линк: https://herline.mk/c/83/herline-x-victoria-loba

„Blooming Monochrome” е облека која комбинира стил на минимализам и лежерен спортски шик што секојдневноможете да го носите: на прошетка, со пријателките, и на кафе, ручек, патувања, секојдневни дружења…

Една од главните цели на колекцијата “Blooming Monochrome” на жените и на девојките е да им обезбеди високо квалитетна, модерна, туку и функционална облека. Her Line се фокусира на користење на природни материјали со врвен квалитет, со стилски и практичен дизајниран.

Her line е македонски бренд кој постои веќе 3 години и кој продолжува да внесува свежина на македонскиот пазар. Карактеристични за овој бренд се костимите за капење како и athleisure парчињата облека што е воедно и светски тренд – хибриден спој на спортска и на секојдневна, формална облека, соодветна за бројни пригоди.

 

You may also like

Comments are closed.