Luma Arles

Зградата е дизајнирана да биде локално обележје. „Хоризонтот на Arles е исполнет со кули изградени во периодот од античко време до средниот век и до денес“, вели архитектот Frank Gehry.

Добитникот на бројни награди за архитектура Frank Gehry е создавачот на новата кула на уметноста Luma Arles, во истоимениот град во јужна Франција. Го претставува уметничкиот кампус Luma Arles во градот Arles. Дизајнот е инспириран од римската архитектура на градот, планините во околината, како  и од сликата Starry Night на Vincent van Gogh, која била насликана во близина.

Luma Arles

Кулата е висока 56 метри, обвиткана е во не’рѓосувачки челик, а содржи изложбени галерии, архиви, библиотека, канцеларии, простории за семинари и кафуле. Обвиткана е со 11.000 неправилно распоредени панели од не’рѓосувачки челик, дизајнирана е да биде обележје на центарот на уметности, основан во 2013 година од швајцарската колекционерка Maja Hoffmann./M.M.

Luma Arles

You may also like

Comments are closed.