Peace out skincare

Ретинолот е познат по својата способност да се бори против видливите знаци на стареење. Најчесто се користи во креми за лице и се издвојува по видливите резултати по редовната употреба. За прв пат ретинолот е главната состојка на стикот за околу очи.

Peace out skincare

Во пакување налик на кармин, Retinol Eye Stick на Peace Out Skincare има текстура слична на коректор, а се нанесува директно на подрачјето под и околу очите. на просторот на темните кругови, фините линии на краевите на очите, како и на постојните брчки.
Рецензентите велат дека е лесен за употреба и дека дава резултати, како кај темните кругови околу очите, така и во израмнувањето на ситните линии.

Peace out skincare

Ретинолот може да ја зголеми чувствителноста на кожата што може да предизвика сувост, црвенило, лупење, иритација на кожата и фотосензитивност. Важно е полека да се воведува режим на нега на кожата, за да се одбегнат можни иритации, црвенило или лупење на кожата./М.М.

You may also like

Comments are closed.